• понеделник, 23 декември 2024

Ќе се изготвува 20-годишна стратегија за геолошки истражувања, одржливо искористување и експлоатација на минерални суровини

Ќе се изготвува 20-годишна стратегија за геолошки истражувања, одржливо искористување и експлоатација на минерални суровини
Скопје, 12 април 2022 (МИА) - Владата на денешната 37-ма седница ја усвои Информацијата за изработката на Стратегијата за геолошки истражувања, одржливо искористување и експлоатација на минералните суровини за период од 20 години. За таа намена, како што информираат од владината прес-служба, Владата го овласти министерот за економија Крешник Бектеши да го потпише нацрт-договорот за изготвување на Стратегијата со Македонската академија на науките и уметностите (МАНУ). -Оваа стратегија, предвидена со Меморандумот за соработка меѓу Министерството за економија и МАНУ има за цел да го определи обемот и начинот на реализација на основните геолошки истражувања, одржливото искористување и потребите за експлоатацијата на минералните суровини кои се од битно значење за развојот на стопанството на Република Северна Македонија, велат од Владата.вј/лв/  

Остани поврзан