• петок, 05 декември 2025

Јуниорките на Македонија отпатуваа за Литванија

Јуниорките на Македонија отпатуваа за Литванија

Скопје, 2.јули 2025 (МИА) - Женската јуниорска кошаркарска репрезентација на Македонија отпатува за Литванија каде од петок ќе биде дел од Европското првенство Б дивизија за кошаркарки до 18 година. Македонија е во А групата, а натпреварите ќе ги игра во градот Алитус.

Ривалки на Македонија ќе бидат репрезентациите на: Романија, Германија, Шведска и Република Ирска. 

- Во изминатите четири недели кошаркарките работеа со максимална енергија на секој тренинг. И на секој нов тренинг доаѓаа уште помотивирани, момент кој што многу ме радува. Исто така, во овие четири недели направивме едно семејство што е клуч за секој успех. Имајќи во предвид дека сме една од најмладите репрезентации, тоа дава дополнителен фактор за поголема желба и мотивација. Групата е тешка, ги имаме Германија која е фаворит за злато на првенството. Романија која претходната година беше шампион во У16 со овие играчи, Шведска која секоја година е во горниот дел од табелата. Но знам дека нашите девојќи се многу мотивирани и ќе одиме со 120 отсто од нашите можности на секој натпревар, изјави селекторот Виктор Петровски.

Прв противник на Македонија во петок ќе и биде селекцијата на Романија.

Составот на Македонија го сочинуваат: Бранкица Мегленова         (Пробаскет), Бојана Николиќ (Вардар), Глорија Груевска (Крива Паланка), Мартина Џангаровска (Вардар), Ива Колева (Тим Арена), Дора Алексова (МЗТ Скопје), Јана Пислевска (Вардар), Ања Начевска  (Вардар), Ангела Тасовски (Вардар), Теа Трајковски (Вардар), Мила Начевска (Вардар), Теодора Мариновска (МЗТ Скопје).   мн/

Фото: МКФ

Остани поврзан