• понеделник, 23 декември 2024

Јунајтед ќе се раздели со една од своите најголеми ѕвезди во јануари

Јунајтед ќе се раздели со една од своите најголеми ѕвезди во јануари

Манчестер, 11 октомври 2024 (МИА) - Раководството на Манчестер Јунајтед ќе направи се за да се ослободи од една од своите најголеми ѕвезди. Станува збор за Бразилецот Касемиро, кој логично е и еден од најплатените во составот на менаџерот Ерик Тен Хаг.

Касемиро го загуби местото во стартниот тим на „црвените ѓаволи“. Според различни извори во Англија, желбата и на самиот фудбалер е да замине од „Олд Трафорд“, кој во голема мера не би го отежнувал евентуалниот трансфер.

Не недостига интерес за искусниот фудбалер, пред се од Саудиска Арабија, каде голем број на ѕвезди во подем веќе заработуваат огромни суми.

Касемиро настапи на девет натпревари за Јунајтед од почетокот на сезоната, но во шест од нив се појави на теренот од клупата за резерви. дс

Фото: Архива

Остани поврзан