• петок, 22 ноември 2024

Јужна Кореја најави финансиска помош од 394 милиони долари за Украина за следната година

Јужна Кореја најави финансиска помош од 394 милиони долари за Украина за следната година

Сеул, 29 август 2023 (МИА) - Јужна Кореја денеска најави финансиска помош од 520 милијарди вони или 394 милиони долари за Украина за 2024 година, што е осум пати повеќе од оваа година.

Пакетот помош вклучува 98 милиони долари за реконструкција, близу 200 милиони долари преку хуманитарна помош и уште 98 милиони долари преку меѓународни организации, според предложениот буџет на Јужна Кореја за 2024 година, пренесуваат британските медиуми.

Претседателот Јун Сук-Јол најави и зголемување на официјалната помош за развој на Јужна Кореја за стратешките области, кои ги вклучуваат азиско-пацифичкиот регион и Африка, од 1,4 трилиони вони на два трилиони вони, или 1,51 милијарди долари. мс/

фото: МИА архива

Остани поврзан