• понеделник, 23 декември 2024

Јужен булевар со нова велосипедска патека, ќе се реконструира и пешачката патека на булеварот

Јужен булевар со нова велосипедска патека, ќе се реконструира и пешачката патека на булеварот
Скопје, 25 мај 2022 (МИА) - Град Скопје соопшти дека Јужен булевар ќе биде снабден со нова велосипедска патека, а ќе има и реконструкција на пешачката патека на потегот од градилиштето на компанијата Лимак до стара Рампа, со површина од 1480 квадратни метри. - Постоечката пешачка патека на овој потег во должина од 370 метри, широка е 4 метри, а на одредени делници со променлива широчина и во рамките на реконструкцијата на половина од овој потег ќе биде изведена нова велосипедска патека, се вели во соопштението. сх/ац/

Остани поврзан