• вторник, 26 ноември 2024

ЈСП Скопје: Во недела дел од автобуските линии со изменет режим

ЈСП Скопје: Во недела дел од автобуските линии со изменет режим
Скопје 6 мај 2022 (МИА) - Јавното сообраќајно претпријатие - Скопје, соопшти дека  задутре  (недела, 8 мај 2022 година), во период од 8 до 11.30 часот, линиите 2, 4, 7, 8, 11, 11а, 12, 15, 15А, 19, 21, 22, 22А, 32, 56, 56а, 59 и 60 ќе возат по изменет режим од вообичаениот поради одржување на уличната трка Халк Еко „Скопје трча 10 км“. Во неколкучасовната промена линиите 2, 4, 11, 11а, 12, 21, 22, 22А, 32, 56, 56а и 60 во правец кон Ѓорче Петров, кога ќе пристигнат кај ТЦ „Сити мол” ќе вртат лево по улица „Московска“, па десно по улица „Војвода Васил Чакаларов“ и од Порта Влае, секоја ќе продолжи по својата вообичаена траса, додека во обратна насока сите линии ќе сообраќаат по редовната траса. Автобусот со број 8 од мост „Гоце Делчев“ по булевар „ВМРО“, ќе продолжува по булевар „Партизански одреди“ се до ТЦ „Сити мол“, потоа лево по улица „Московска“, па десно по улица „Војвода Васил Чакаларов“ и кај Порта Влае ќе продолжува кон својата почетна постојка, а во обратна насока се до Соборен хром ќе сообраќа по булевар „Партизански одреди“, па по булевар „ВМРО“, мост „Гоце Делчев“, па по својата вообичаена траса. Линиите 7, 15, 15А, 19 и 59 во правец од Карпош 3 према Центар ќе сообраќаат по улица „Карпошово востание“, улица „Бледски договор“, булевар „Партизански одреди“ од каде секоја ќе продолжи по својата вообичаена траса. Линијата 15А ќе сообраќа како линија 15 која заедно со линијата 19 во Карпош за терминал ќе го користат терминалот од линиите 7 и 59.сх/лв/

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан