• вторник, 05 ноември 2024

ЈП ПОЦ: Санкционирани 291 непрописно паркирано возило во општина Центар

ЈП ПОЦ: Санкционирани 291 непрописно паркирано возило во општина Центар
Скопје, 19 септември 2022 (МИА) – ЈП Паркинзи и Општина Центар во соработка со Сообраќајната полиција-Скопје минатата недела санкционирале 291 непрописно паркирани возила кои го попречувале нормалното и безбедно одвивање на сообраќајот. -Во периодот од 12 до 18 септември, со помош на специјалните возила „Пајак“ на ЈП Паркинзи на Општина Центар, отстранети се 70 непрописно паркирани возила, а со поставување на механичко средство „Блокатор“ санкционирани се 221 возила кои биле затекнати во резидентни зони, а не биле корисници-резиденти на секторот во којшто биле паркирани, информираат од ЈП ПОЦ. Потенцираат дека, ЈП ПОЦ и Општина Центар континуирано ќе ја спроведуваат оваа мерка со цел да се доведе во ред сообраќајниот хаос и проблемот со непрописното паркирање на комерцијалните и резидентните паркиралишта и улици на територија на општината.ир/са/  

Остани поврзан