• среда, 25 септември 2024

ЈП Водовод и канализација – Скопје постави апарат за наплата на сметки во ГТЦ

ЈП Водовод и канализација – Скопје постави апарат за наплата на сметки во ГТЦ
Скопје, 7 април 2021 (МИА) - ЈП Водовод и канализација – Скопје постави апарат за наплата на сметки во ГТЦ на приземје, на кој корисниците имаат можност за преглед на фактурите и нивна наплата на истите со користење на Мастер и Виза картичките од сите банки. -ЈП Водовод и канализација – Скопје како јавно претпријатие во служба на граѓаните ја зголемува достапноста на своите услуги за своите корисници. Покрај можноста за електронски пристап до услугите преку www.vodovod-skopje.com.mk и мобилната апликација достапна за Android и iOS, дел од услугите на претпријатието кои се однесуваат на наплата на сметките веќе се достапни и преку апаратите за наплата поставени на неколку локации низ градот - СУПЕР ТИНЕКС 1 – ГОДЕЛ, Дирекција на ЈП Водовод и канализација – Скопје, Одделение за грижа на корисниците во ЈП Комунална Хигиена – Скопје и во ГТЦ на приземје, се вели во соопштението од ЈП Водовод и канализација – Скопје.сст/дма/

Остани поврзан