• четврток, 02 јануари 2025

ЈО: Уапсен последниот осомничен во предметот „Планина“

ЈО: Уапсен последниот осомничен во предметот „Планина“

Скопје, 30 декември 2024 (МИА) – Истражната постапка против последниот осомничен во случајот „Планина“ продолжува по вчерашното лишување од слобода на лицето од село Грчец кое било барано со централна потерница повеќе од три години поради основано сомнение за неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, соопштуваат од Јавното обвинителство.

Предметот „Планина“ беше отворен во март 2021 година против 28 лица, членови на две организирани криминални мрежи. Во акциите беа лишени од слобода 22 лица, а петмина беа во бегство. 

Од септември 2021 до август 2023 година, четворица од осомничените беа уапсени, вклучувајќи го и првоосомничениот. 

Обвинетите се правосилно осудени на затворски казни од 3 до 8 години, на детето во судир со законот му беа изречени воспитни мерки во траење од 1 до 5 години, додека за три лица беше донесена Наредба за запирање на истрага, од кои за две предметот е препратен на надлежно постапување во Основното јавно обвинителство – Скопје.ар/лв/
Фото:МИА архива 

Остани поврзан