• петок, 22 ноември 2024

Јотова: Бугарија има право на цврста позиција кон Северна Македонија за бугарските воени споменици

Јотова: Бугарија има право на цврста позиција кон Северна Македонија за бугарските воени споменици
Софија, 15 октомври 2021 (МИА) - Прашањето за членство на Република Северна Македонија во ЕУ не е само бугарско, само балканско, туку е и паневропско, бидејќи се работи за политичко проширување на Унијата, тема што долго време беше на европската маса и која, за жал, не го најде својот консензус, вели потпретседателката на Бугарија, Илијана Јотова. Јотова во изјава за БНТ се осврна и на, како што рече, „скеврнавењето на гробовите на бугарските војници во Република Северна Македонија“, оценувајќи дека тоа е „многу долга сага“. Како што јави дописникот на МИА од Софија, Јотова потсети дека во 2010 година не само во нивната земја, туку и во Европскиот парламент, бугарската делегација го поставила ова прашање, како и тоа дека имало и мисија во Република Северна Македонија во врска со тоа, во која учествувале европратеници од други држави членки на ЕУ. - За толку години судбината на воените споменици во Северна Македонија воопшто не се промени, со еден мал исклучок - со споменикот на полковникот Каварналиев, истакна Јотова, додавајќи дека Бугарија има право на ваквата „цврста позиција, која ја зазеде неодамна“.
Бугарското МНР вчера соопшти дека Бугарија придава големо значење на прашањето за зачувување на бугарското културно-историско наследство и на бугарските воени гробишта во Република Северна Македонија и со години води политика за пребарување и обнова на бугарските воени гробишта и споменици во земјата. нк/нд/

Остани поврзан