• среда, 27 ноември 2024

ЈОРСМ: Доставен е писмен предлог до Апелација за прифаќање на понудената гаранција на Рашковски

ЈОРСМ: Доставен е писмен предлог до Апелација за прифаќање на понудената гаранција на Рашковски

Скопје, 4 јуни 2021 (МИА) – Вишото јавно обвинтелство Скопје предлага да се прифати понудената гаранција во висина од околу 500 илјади евра на Драги Рашковски за да излезе од притвор. Надлежен за одлучување по жалбата на Рашковски е Апелацискиот суд во Скопје, кој треба да донесе конечна одлука за тоа дали Рашковски ќе излезе од притвор или не.

-Ве известуваме дека Вишото јавно обвинителство Скопје, по предметот оформен по поднесена Жалба на обвинетиот Д.Р. со понудена гаранција, до Апелацискиот суд Скопје согласно законските надлежности достави писмен предлог со кој му се предлага на Судот да ја уважи жалбата на обвинетиот, да ја прифати понудената гаранција во висина од 30.686.215.00 денари и да ја замени мерката притвор со понудената гаранција, информираат од  ЈОРСМ.

Против поранешниот генерален секретар на Владата Драги Рашковски во моментов се водат две истраги, кои се однесуваат да спроведени тендери за набавка и за одржување на софтвер за сообраќајни прекршоци.  аа/дма/

Остани поврзан