• петок, 05 декември 2025

Јокиќ го предводеше Денвер до нова победа над Феникс

Јокиќ го предводеше Денвер до нова победа над Феникс

Феникс, 30.ноември 2025 (МИА) – Кошаркарите на Денвер предводени од Никола Јокиќ ноќеска остварија нова победа совладувајќи го Феникс со 130:112. Со тоа покажаа дека поразот во петокот од Сан Антонио е надминат.

Српскиот репрезентативец повторно беше на чекор од „трипл-дабл“. Натпреварот го заврши со 26 поени, девет скокови, десет асистенции, со само едно промашување и тоа од слободно фрлање.

Денвер сега има скор од 14-5 (победи/порази).

Резултати на ноќешните натпревари: Шарлот – Торонто 118:111, Индијана – Чикаго 103:101, Мајами – Детроит 135:138, Милвоки – Бруклин 116:99, Голден Стејт – Њу Орлеанс 104:96, Феникс – Денвер 112:130 и Лос Анџелес Клиперс – Далас 110:114.  мн/

Фото: ЕПА

Остани поврзан