• петок, 22 ноември 2024

Јермак: Во руските напади загинаа 36 лица, а 140 се повредени

Јермак: Во руските напади загинаа 36 лица, а 140 се повредени

Киев, 8 јули 2024 (МИА) – Од последиците на денешното руско гранатирање на цели низ Украина загинаа 36 лица, а уште 140 се повредени, соопшти началникот на кабинетот на украинскиот претседател Андриј Јермак.

- Загинаа 36 лица, 140 се повредени како резултат на денешните ракетни напади на Руската Федерација на територијата на Украина, соопшти тој на социјалните мрежи.

Руските сили денеска истрелаа 40 проектили од различни типови над Украина. јт/

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан