• понеделник, 04 ноември 2024

Јерликаја: Во Турција уапсени 147 осомничени членови на Исламска држава

Јерликаја: Во Турција уапсени 147 осомничени членови на Исламска држава

Анкара, 26 март 2024 (МИА) - Турските власти уапсија 147 осомничени членови на џихадистичката група Исламска држава, изјави денеска турскиот министер за внатрешни работи Али Јерликаја.

Апсењата се извршени во 30 провинции, од вкупно 81 коллку што има во Турција, соопшти министерот на платформата Х.

„Од 1 јуни минатата година досега во земјата се уапсени 2.919 лица осомничени за врски со џихадистичката група“, изјави министерот за внатрешни работи.

Француските медиуми, повикувајќи се на извори од турските безбедносни сили, објави дека двајцата осомничени за учество во терористичкиот напад во Москва неколку недели биле на турска територија и дека на 2 март отпатувале со авион за Русија. сд/

фото:МИА архива

Остани поврзан