Јаревски: СДС има проблем, измислува дека ќе има мигранти
- Опозицијата има проблем да си дефинира и каде се наоѓа и каде се движи, што изјавува, какви тези застапува. Јавноста знае за што се залагаме, на кои принципи почиваме, какви биле нашите активности во изминатиот период и каков е нашиот став по однос на политиката за мигранти. Но од друга страна имате сериозен договор со Велика Британија, којшто ќе нуди подобро утре за нашите граѓани, серија на проекти коишто ќе бидат направени, коишто ќе помогнат за растот на економијата и ваков начин да се обидувате да спинувате преку вакви квази тези не е ни чудо што некој тоа го цени како блесаво“, истакна Тони Јаревски пратеник од редовите на ВМРО-ДПМНЕ, во емисијата „Анализа“ на ТВ 24, се вели во соопштението од ВМРО-ДПМНЕ кое МИА го објавува интегрално.
Скопје, 12 декември 2025 (МИА) - Опозицијата има проблем да си дефинира и каде се наоѓа и каде се движи, што изјавува, какви тези застапува. Јавноста знае за што се залагаме, на кои принципи почиваме, какви биле нашите активности во изминатиот период и каков е нашиот став по однос на политиката за мигранти. Но од друга страна имате сериозен договор со Велика Британија, којшто ќе нуди подобро утре за нашите граѓани, серија на проекти коишто ќе бидат направени, коишто ќе помогнат за растот на економијата и ваков начин да се обидувате да спинувате преку вакви квази тези не е ни чудо што некој тоа го цени како блесаво“, истакна Тони Јаревски пратеник од редовите на ВМРО-ДПМНЕ, во емисијата „Анализа“ на ТВ 24, се вели во соопштението од ВМРО-ДПМНЕ кое МИА го објавува интегрално.
Јаревски истакна дека обвинувањата од страна на СДС се неаргументирани и без факти, и порача граѓаните да бидат спокојни затоа што ВМРО-ДПМНЕ ќе продолжи цврсто да стои на своите идеолошки принципи.
„Свесно ги избегнуваат фактичките состојби, свесно избегнуваат да се соочат со реалноста, и вие сега да излезете со ваква теза, со вакво обвинување коешто нема никаква теза, неаргументирано, без факти е крајно неодговорно. Доброто е тоа што граѓаните и јавноста се со висок степен на одговорност, прочитани се, ќе добијат уште една казна во првата прилика од граѓаните за ваков неодговорен однос. Ниту една официјална потврда нема, напротив имаше демант, ВМРО-ДПМНЕ цврсто стои на своите идеолошки принципи, на својата идеологија, граѓаните можат да бидат спокојни, ниту ќе ги изневериме нашите принципи, ниту ќе ги изневериме нашите граѓани“, дециден е Јаревски.
Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ