• петок, 22 ноември 2024

Јапонија ја условува употребата на таблети за контрацепција „ден потоа“

Јапонија ја условува употребата на таблети за контрацепција „ден потоа“
Токио, 31 мај 2022 (МИА) - Во Јапонија наскоро ќе може да се набават таблети „ден потоа“ без рецепт, но, за да ги добијат, можно е на женските лица да им треба дозвола од партнерот. Јапонскиот закон од 1948 година наведува дека потребна е согласност од партнерот за хируршки абортуси, освен во исклучителни ситуации. - Во принцип, веруваме дека согласноста на сопружникот е неопходна, дури и ако станува збор за медицински абортус, изјави Јасухиро Хашимото од Министерството за здравство, иако користењето на таканаречената таблета „ден потоа“ е итна контрацепција, а не абортус. Граѓани бараат да се исфрли правилото за писмена согласност од партнерот. - Согласност од сопружникот станува проблем, кога постои несогласување со него, или лицето ја присилува жената да раѓа против своја волја. За жените, присилување на бременост што не ја сакаат, е насилство и вид мачење, смета Куми Тшукара, активистика за право на абортус. Јапонски медиуми информираа за случаи, каде лекари одбиле да одобрат абортус за сексуално злоставувани жени. Од Министерството за здравство му пишаа на Јапонското медицинско здружение со цел да објаснат дека согласност не е потребна, доколку станува збор за силување. За активистите, неуспех е тоа што Јапонија го нема одобрено лекот, веќе долго достапен во над 70 земји. На Јапонија ѝ беа потребни девет години за да ја одобри оралната контрацепција, но, само шест месеци за да ја одобри вијаграта. Јапонија, каде во 2020 година извршени се 145 илјади хируршки абортуси, е една од 11 земји што за абортус, бараат согласност од партнерот. бд/ми/

Остани поврзан