• понеделник, 04 ноември 2024

Јанчева: ЈСП пред колапс, нема бесплатен превоз

Јанчева: ЈСП пред колапс, нема бесплатен превоз

Скопје, 7 октомври 2023

Изминуваат две години од мандатот на ДПМНЕ во Скопје, заедничка локална власт со градоначалничката за којашто бараа доверба од граѓаните.

На половина од мандатот, ниту едно од ветувањата дадени пред скопјани не се реализирани.

На половина мандат, на Скопје му се случува нова катастрофа поради неспособната локална власт на ДПМНЕ.

Најголемо ветување на изборите беше ветувањето за ЦЕЛОСНО БЕСПЛАТЕН јавен градски превоз.

По 2 години, бесплатен јавен градски превоз во Скопје ветен од ДПМНЕ нема!

Не е реализирано ниту ветувањето за 250 нови автобуси.

Проектот за еколошки, брз транспорт БТР, е стопиран.

Не само што нема бесплатен превоз, туку градскиот сообраќај и јавниот транспорт се во постојан хаос, а ЈСП пред колапс.

На приватните превозницо повторно, со месеци им се доцни исплатата. А за средношколците дотациите, за бесплатен јавен превоз се 100% исплатени.

Поради неспособноста на ДПМНЕ и Арсовска страдаат граѓаните на Скопје.

Нема редовни автобуси, граѓаните, студените, учениците чекаат премногу долго и доцнат.

ДПМНЕ и Арсовска не можат еден градски превоз да менаџираат, а не, пак, нешто повеќе.

На повидок е ново стопирање на јавниот превоз. Наместо лажни изговори, ДПМНЕ и Арсовска треба да најдат решение за проблемите во ЈСП што тие ги создадоа. А директорот треба да понесе одговорност.

СДСМ ќе продолжи да биде гласот на скопјани и коректив на погрешните политики на ДПМНЕ кои на Скопје му предизвикуваат нова катасатрофа.

Прес-конференција на Љубица Јанчева, координаторка на советничка група на СДСМ и коалицијата во Советот на Град Скопје

________________________________________________________________________________________ 

МИА овие текстови ги објавува во интегрална и оригинална форма и не е одговорна за нивната содржина, ниту за евентуалните правописни недоследности или печатни грешки.

Остани поврзан