• петок, 22 ноември 2024

Јанев: Создаваме функционална полиција во служба на граѓаните

Јанев: Создаваме функционална полиција во служба на граѓаните

Скопје, 9 ноември 2024 (МИА) - Директорот на Бирото за јавна безбедност, Александар Јанев беше во работна посета во Секторот за внатрешни работи Штип, штипската сообраќајна полиција и полициската станица во Свети Николе.

Јанев, како што соопшти МВР, лично имал можност да се запознае со условите во кои работат полициските службеници и да поразговара за предизвиците со кои се соочуваат во секојдневното работење.

Во разговорите со колегите тој потенцирал дека е од приоритетна важност полициските службеници да имаат соодветни услови за работа и дека нивното унапредување е на врвот на приоритетите на БЈБ и МВР.

Јанев, како што е наведено во соопштението, потенцирал дека посетите на сите организациски единици на полицијата ќе стане редовна пракса и активност со цел квалитетен увид во работењето и функционирање на сите служби кои се под надлежност на Бирото за јавна безбедност, подобрување на условите за работа со цел создавање на функционална полиција која ќе биде во служба на граѓаните и целосно спроведување на законот кој еднакво важи за сите. дма/мч/

Фото: МВР

Остани поврзан