• петок, 22 ноември 2024

Јанев: Подготвени сме за дилајог и практични решенија за проблемот со С Македoнија

Јанев: Подготвени сме за дилајог и практични решенија за проблемот со С Македoнија
Софија, 21 мај 2021 (МИА) - Привремениот премиер на Бугарија Стефан Јанев во интервју за емисијата „Панорама“ на Бугарската национална телевизија, го коментираше прашањето со позицијата на Софија кон Северна Македонија. Како што јави дописникот на МИА од Софија, Јанев повтори дека бугарската позиција е оформена со деклaрација на Парламентот и останува непроменета, но оти се подготвени за дијалог за изнаоѓање решение за проблемот. - Ние сме подготвени за неформални разговори и да започнеме практична работа на теми што можат да станат дел од патоказот за излез од ситуацијата, бидејќи Бугарија ја поддржува европската иднина на Република Северна Македонија и Албанија во пакет, истакна Јанев.нк/са/    

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан