• понеделник, 23 декември 2024

Јаневски: Северна Македонија меѓу првите десет светски дестинации оваа година според девизниот прилив

Јаневски: Северна Македонија меѓу првите десет светски дестинации оваа година според девизниот прилив
Струмица, 4 номеври 2022 (МИА) - Ова година според девизниот прилив од туризмот, кој досега е повеќе за 20 отсто во споредба со 2019 година, ја рангира нашата дестинација во првите десет според Светската туристичка организација. Ако во 2021 година бевме петти во светот по раст на странски туристи, во 2022 година покажавме високи потенцијали кога е во прашање туристичкиот промет, изјави денеска во Струмица Љупчо Јаневски, директор на Агенцијата за поддршка и промоција на туризмот. Според Јаневски, треба да се работи на намалување на сивата зона во туристичката индустрија, која според Светската турустичка организација на Балканот и кај нас е 40 до 45 отсто и тоа е голем товар за хотелите. -За оваа година очекуваме 2,6 милиони ноќевања, а досега со месец август имаме 2,2 милиони остварениСтрумица ноќевања и јас очекувам оваа бројка да ја надминеме, рече Јаневски. Тој додаде дека со иницијативата „Отворен Балкан“ веќе не треба да се смета на 2 милиони туристи туку на 12 милиони домашни туристи и со тоа веќе се чувствувала конкуретноста меѓу дестинациите. рт/хс/

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан