• сабота, 21 декември 2024

Јаневска најави исплата на К-15 за вработените во образованието до крајот на месецот

Јаневска најави исплата на К-15 за вработените во образованието до крајот на месецот

Штип, 2 декември 2024 (МИА) - Исплатата на регресот за годишен одмор или К-15 за вработените во образовните институции ќе се случи во текот на овој месец, информираше денеска од Штип, министерката за образование и наука, Весна Јаневска.

- Што значи до 31 декември секако ќе биде завршена исплатата на К-15, вели Јаневска.

Прашана дали ќе има промена на датумите за зимскиот распуст за учениците во основните и средни училишта, Јаневска со дециден одговор дека нема промена, односно учениците со одмор почнуваат од 1 јануари, а распуст завршува на 18 јануари, со што на настава учениците и професорите почнуваат од 20 јануари, во понеделник. вдј/ир/

Фото: МИА

Остани поврзан