• понеделник, 23 декември 2024

Јавните тоалети во Штип мета на вандализам

Јавните тоалети во Штип мета на вандализам

Штип, 16 јуни 2022 (МИА) - Искршени чешми, ишарани ѕидови  ваква е сликата во јавните тоалети во Штип, откако пред повеќе од еден месец беа пуштени во употреба. Вработените од ЈП „Исар“-Штип, кои ги одржуваат тоалетите велат дека во монатжните јавни тоалети веќе во неколку наврти се искршени чешмите а во централното градско подрачје ишарани се ѕидовите. Директорот на ЈП Исар Трајче Здравков вели дека секој вандализам носи и нови поправки и трошоци.

- Иако ЈП „Исар“ ги оддржува чисти јавните тоалети за да можат граѓаните да ги користат веќе неколку пати се цел на вандалски чин, односно се крадат чешми, се шараат толалетите, се крадат светилки, а се тоа е во последните две три недели. Сакам да упатам еден апел до граѓаните да ги чуваме овие општи добра кои се направени за граѓаните, бидејќи тие се за самите нас односно за да се олесни работата на ЈП Исар, да не мора потоа да ги санира и да троши дополнителни средства за санација. Ние ќе ги врaтиме повторно во првобитна состојба, но тоа чини пари, вели  Здравков.

Јавните тоалети се одржуваат од страна на вработени во ЈП Исар, а за нивно користење не се наплаќа. Здравков истакна дека засега не се планира да се постави служба која ќе воведува ред, а граѓаните да бидат посовесни. Јавните тоалети во Штип беа пуштени во функција на 28 април оваа година, на неколку локации во градот. Средставата беа обезбедени од Буџетот на општината.вдј/сх/

Остани поврзан