Јавна трибина за потребите од промена на Правилникот за археолошки истражувања реализирана во Неготино
- Македонското археолошко друштво денеска во просториите на Музеј на град Неготино одржа јавна трибина за потребите од промена на Правилникот за археолошки истражувања.
Неготино, 20 април 2022 (МИА) - Македонското археолошко друштво денеска во просториите на Музеј на град Неготино одржа јавна трибина за потребите од промена на Правилникот за археолошки истражувања.
- Јавната расправа е организирана со цел да се апелира за што е можно побрза промена на Правилникот за археолошки истражувања, донесен во 2005 година (Сл. Весник 111/05), а кој од методолошка страна, е веќе одамна застарен и неупотреблив. Иако од донесувањето на Законот за заштита на културното наследство во 2004 година се направени повеќе од петнаесет дополнувања и измени, до сега не е направено ниту едно усогласување на Правилникот, којшто произлегува од овој закон, појаснија од Македонското археолошко друштво.
На оваа јавна трибина каде беа поканети претставници од Министерството за култура и од Управата за заштита на културното наследство, археолозите имаат можност да ги изнесат проблемите со коишто се соочуваат при реализација на археолошките ископувања, а произлегуваат од овој правилник. свд/фф/