• сабота, 06 декември 2025

Ѓорѓиевски потпиша со романски Клуж

Ѓорѓиевски потпиша со романски Клуж

Клуж, 31 мај 2025 (МИА) - Најдобриот стрелец во изминатата сезона во Првата македонска фудбалска лига, Марко Ѓорѓиевски, потпиша договор со романскиот клуб Клуж.

Ѓорѓиевски (25) по две и пол сезони поминати во дресот на Силекс Кратово, каде одигра 71 натпревар, постигна 30 голови и запиша 13 асистенции, одлучи да се пресели во романското првенство.

Во штотуку завршената сезона, Марко беше најдобар стрелец во Првата македонска фудбалска лига, делејќи го признанието со Бесарт Ибраими.

Ѓорѓиевски играше и за Брера Струмица и Шкупи, со кој ја освои титулата шампион на Македонија во 2022 година, како и во Србија за клубовите Вождовац и Раднички Пирот. дс

Фото: Фејсбук/Клуж

Остани поврзан