• сабота, 22 март 2025
Македонски
  • English
  • Shqip
  • Македонски

Ѓорги Начевски: И јас сум критичар на странски играчи, но мора да сме реални, тие ни се неопходни

Ѓорги Начевски: И јас сум критичар на странски играчи, но мора да сме реални, тие ни се неопходни

Скопје, 24 февруари 2025 (МИА) – Еден од најдобрите ракометни судии во светот, Ѓорѓи Начевски, во своето излагање на тема странски или домашни играчи, на денешната панел-дискусија „Ракометот спорт број 1?“ рече дека странците се неопходни во македонската лига, но побара при нивното ангажирање да се води сметка за нивниот квалитет.

- Јас сум голем критичар на странско, но треба да сме и реални, колку имаме квалитетни македонски играчи? За да не зависиме од странци, бидејќи сме лимитирани со наши играчи, потребно е едуцирање на македонски тренери и „вадење“ македонски ракометари. Исто така и стратегијата на клубовите е важна, дали ќе се прави тим за иднина, или за евентуален моментален успех. 
И ние како судии наидуваме на многу пречки и проблеми. Според успеси сме спорт број 1, но според услови, инфраструктура, финансиски проблеми на клубовите, инвестициите, не сме, рече Начевски.

Слично размислува и менаџерот на РК Бутел, Лазе Мајнов.

- Се одлучивме за домашни играчи, ние имаме само еден странец. Нормално е кога не се може да се најде соодветен играч за одредена позиција, тогаш да се ангажира странец. 

Горан Стојков од РК Аеродром кажа како функционира тимот во којшто работи.

- Ние сме нискобуџетен клуб, фокусирани на работа со млади ракометари. Нашата цел е визија, програма за создавање на младински репрезентативци кои подоцна би прераснале во сениорски носители во клубовите и репрезентацијата. 

На крајот на овој дел на дебата, министерката за финансии Гордана Димитриеска-Кочоска побара од клубовите да образложат на каков начин се трошат буџетските пари што ги добиваат од даночните обврзници и кој е бенефитот. зс/

Фото: МИА

Остани поврзан