• петок, 05 декември 2025

Ѓоковиќ нема да настапи во Синсинати

Ѓоковиќ нема да настапи во Синсинати

Синсинати, 4.август 2025 (МИА) - Српскиот тенисер Новак Ѓоковиќ донесе одлука по Торонто да го „прескокне“ и Мастерс тунрирот во Синсинати. Тоа ќе значи негов втор откажан турнир на северноамериканскиот континент и така Ѓоковиќ без одигран турнир ќе настапи на УС Опен.

Српскиот тенисер втора година по ред го откажува настапот во Синсинати. 

Ѓоковиќ пред почетокот на турнирот во Њујорк заедно со Олга Даниловиќ ќе настапи на турнирот во новиот формат во мешани двојки. 

УС Опен во Њујорк ќе се одржи од 24.август до 7.септември.   мн/

Фото: ЕПА

Остани поврзан