• петок, 22 ноември 2024

Ѓоковиќ за скандалозната одлука на судијата во Синсинати: Срамота е што немаме видео реприза на вакви ситуации

Ѓоковиќ за скандалозната одлука на судијата во Синсинати: Срамота е што немаме видео реприза на вакви ситуации

Белград, 18 август 2024 (МИА) - Освојувачот на 24 Грен слем титули, Новак Ѓоковиќ ја коментираше епизодата што се случи на мечот меѓу Феликс Оже-Алијасим и Џек Дрејпер (7:5, 4:6, 4:6) на турнирот во Синсинати.

На мечот, по ударот на Оже-Алијасим, топката прво удри во рекетот на Дрејпер, потоа во теренот и повторно во рекетот на Американецот. Канадскиот тенисер влезе во расправија со судијата на столот, но арбитерот не ја промени својата одлука и мечот заврши со победа на Дрејпер.

- Срамота е што немаме видео репризи на слични ситуации на теренот. Она што е уште посмешно е што немаме правило кое им дозволува на судиите на столот да ја променат првичната одлука врз основа на видео реприза што се случува надвор од теренот! Сите што гледаат на телевизија гледаат што се случило на реприза, но играчите на теренот се оставени во „мрак“, не знаејќи го резултатот. Имаме „Hawkeye“ за линиски решенија, живееме во технолошки напредниот 21 век! Ве молам, драг раководител на натпреварувањето, погрижете се оваа глупост никогаш повеќе да не се повтори! – напиша Ѓоковиќ на социјалната мрежа Икс. зс/

Фото: ЕПА

Остани поврзан