• сабота, 16 ноември 2024

Ѓоковиќ: Го организиравме турнирот премногу рано, тоа беше грешка

Ѓоковиќ: Го организиравме турнирот премногу рано, тоа беше грешка
Белград, 23 јуни 2020 (МИА) - Српскиот тенисер Новак Ѓоковиќ уште еднаш зборуваше за организацијата на хуманитарниот турнир „Адрија Тур“, објаснувајќи дека е организиран премногу рано, што било грешка. Тој им се извини на сите оние кои беа оштетени од турнирот и истакна дека верува оти сите здравствени протоколи се исполнети и дека регионот е во доволно добра состојба за да ги обедини луѓето. - Длабоко им се извинувам на сите на кои турнирот им нанесе штета. Сè што направивме јас и организаторите во претходниот месец, го направивме со искрена намера и чисто срце. Верувавме дека турнирот ги исполни сите здравствени протоколи и дека нашиот регион е во добра состојба за да ги обедини луѓето од филантропски причини. Направивме грешка, беше прерано. Не можам да ви опишам колку ми е жал за апсолутно секој случај на заболен. Доколку сте биле на „Адрија тур“ или сте биле блиску до некој од учесниците, ве молам тестирајте се и почитувајте ја социјалната дистанца. За оние во Белград и Задар, ние ќе споделиме здравствени ресурси со нив во иднина, напиша Ѓоковиќ.

Тагови

Остани поврзан