• петок, 05 декември 2025

Шукова: На Скопје му требаат затворени и модерни пазари, ова е еден од моите проекти за градот

Шукова: На Скопје му требаат затворени и модерни пазари, ова е еден од моите проекти за градот

Скопје, 26 јули 2025

Кандидатката за градоначалничка на Скопје од СДСМ, Каја Шукова, денес го посети пазарот во Тафталиџе заедно со Маја Мојосова, кандидатка за градоначалничка на општина Карпош, се вели во соопштението од СДСМ што МИА го пренесува интегрално.

„Денес бевме на пазарот во Тафталиџе заедно со Маја Мојосова, нашата кандидатка за Карпош. Ги слушнавме од прва рака проблемите на пазарџиите,“ изјави Шукова.

Таа посочи дека условите за работа се лоши, особено при екстремно високи температури.

„На вакви пеколни температури тешко се седи цел ден на тезга, немаат услови, но мораат да бидат таму. Работат напорно, чесно, и заслужуваат подобри услови за работа.“

Клучното барање кое било истакнато од страна на продавачите е јасно:

„Најчестото барање што го слушнавме беше едноставно – затворен пазар со нормални услови за работа.“

Во таа насока, Шукова истакна дека решението е веќе дел од нејзината програма.

„Во мојата програма имам конкретни проекти за затворање и модернизација на градските пазари. Пазарите ќе бидат живи, безбедни и функционални простори и за продавачите и за купувачите.“ - изјави Шукова.

Центар за комуникации со јавноста на СДСМ

Фото: СДСМ
 

Остани поврзан