• понеделник, 23 декември 2024

„Шпигел“: ЦИА ја предупреди Германија пред неколку недели за можни напади врз гасоводи во Балтичкото Море

„Шпигел“: ЦИА ја предупреди Германија пред неколку недели за можни напади врз гасоводи во Балтичкото Море
Берлин, 27 септември (МИА) - Централната разузнавачка агенција на САД (ЦИА) ја предупредила Германија пред неколку недели за можни напади врз гасоводи во Балтичкото Море, објави германскиот магазин „Шпигел“, откако беа пријавени истекувања на гас од гасоводи од Русија до Германија. Повикувајќи се на неименувани извори, „Шпигел“ пишува дека германската Влада го добила предупредувањето од ЦИА летоска. Се додава дека Берлин претпоставува оти се работи за таргетиран напад на гасоводите Северен поток еден и два. Портпаролот на германската Влада одби да даде коментар, наведува „Шпигел“. бд/зш/  

Остани поврзан