• понеделник, 01 јули 2024

Шпанија на „Бенидорм фест“ во јануари ќе бира песна за „Евровизија“

Шпанија на „Бенидорм фест“ во јануари ќе бира песна за  „Евровизија“

Скопје, 14 декември 2023 (МИА) - Шпанската телевизија „РТВЕ“ објави 16 песни што ќе бидат дел од „Бенидорм фест“ во јануари, а чиј победник ќе ја претставува државата на 68. издание на „Евровизија“.

„Бенидорм фест 2024“ ќе има две полуфиналиња, на 30 јануари и 1 февруари, а финалето ќе се одржи во сабота, на 3 февруари.

Песните што се во игра да ја претставуваат Шпанија на „Евровизија“, може да ги слушнете тука.

Шведска во мај ќе биде домаќин на „Евровизија“, а на најголемиот светски музички настан во живо, учеството го потврдија јавните радиодифузери од 37 земји. бд/дма/

Фото: „Евровизија“

Остани поврзан