• недела, 22 декември 2024

Шолц: Силно поддржувам постигнување договор за почеток на преговори на Северна Македонија и Албанија во ЕУ

Шолц: Силно поддржувам постигнување договор за почеток на преговори на Северна Македонија и Албанија во ЕУ
Софија, 11 јуни 2022 (МИА) - Германскиот канцелар Олаф Шолц денеска за време на посетата на Софија изјави дека силно поддржува постигнување договор за започнување преговори за присоединување на Северна Македонија и Албанија во ЕУ, јави дописникот на МИА од Софија. Германија, истакна Шолц, разбира дека не е лесно да се надминат историските разлики меѓу соседните држави, но нејзиното искуство покажува дека е добро за сите кога ќе се надмине недовербата и ќе се изградат пријателски односи со соседите. - Сметам дека има шанса да се постигне напредок. Ќе ја продолжиме дискусијата и размената меѓу нас до крајот на француското претседателство и се надевам дека ќе постигнеме напредок. Јас сум убеден дека заедно ние Европејците, носиме одговорност за ЕУ и за стабилноста на Балканот. Важно е да го искористиме процесот на проширување, рече Шолц на заедничката прес-конференција со Кирил Петков. Петков, од своја страна, изјави дека дека Бугарија и Германија секогаш гледале на Западниот Балкан во насока на нивно присоединување кон ЕУ. Бугарскиот премиер истакна дека владите на Бугарија и на Република Северна Македонија „продолжуваат да работат во таа насока при што бугарската Влада јасно ја иразила својата позиција за условите што треба да се исполнат за да продолжи евроинтеграцијата на Северна Македонија“. нк/нд/

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан