• петок, 22 ноември 2024

Шолц: Не можам да кажам дека Путин сфатил дека згреши што ја почна оваа војна

Шолц: Не можам да кажам дека Путин сфатил дека згреши што ја почна оваа војна
Берлин, 15 септември 2022 (МИА) - Рускиот претседател Владимир Путин останува на својот став за војната во Украина, изјави германскиот канцелар Олаф Шолц. - За жал, не можам да кажам дека сфатил оти грешка беше да се почне оваа војна, истакна Шолц коментирајќи го телефонскиот разговор со Путин од вторникот со времетраење од час и половина. Но, тој нагласи дека сепак имало смисла да се разговара со рускиот лидер со цел да се објасни германската гледна точка. - Цврсто сум убеден дека Русија треба да ја повлече својата војска, за да постојат шанси за мир во регионот. И секој ден помислувам дека тоа е единствениот начин, додаде Шолц. Станува збор за прв разговор на Шолц со Путин во повеќе од три месеци. Тој сè уште се држи до идејата дека дипломатско решение и целосно повлекување на руската војска мора да биде постигнато што поскоро. бд/сд/

Остани поврзан