• понеделник, 23 декември 2024

Шолц: Лидерите на Г20 тешко ќе се договорат за заедничка изјава

Шолц: Лидерите на Г20 тешко ќе се договорат за заедничка изјава
Сингапур, 14 ноември 2022 (МИА) - Германскиот канцелар Олаф Шолц денеска оцени дека лидерите на Г20 тешко ќе успеат да се договорат за заедничка изјава за глобалните прашања и војната во Украина. Тој во Сингапур изјави дека напорно се работи на договор за јасна изјава за сите прашања кои ќе можат да влијаат врз светот, како и за прашањата за мир и последиците од агресијата на Русија врз Украина. Шолц најави дека намалувањето на ризичните, еднострани зависности за одредени суровини или критични технологии ќе игра важна улога во националната безбедносна стратегија на Германија. - Светот со нови или воскреснати трговски бариери и распаднати економии нема да биде подобро место, истакна Шолц. ми/
 

Остани поврзан