• вторник, 05 ноември 2024

Шилегов: Тендерот за изведба на првата фаза за „Бас рапид транзит“ се очекува да биде распишан до 15 септември

Шилегов: Тендерот за изведба на првата фаза за „Бас рапид транзит“ се очекува да биде распишан до 15 септември
Скопје, 30 август 2021 (МИА) – Во крајна фаза е изработката на тендерската документација за распишување на тендер за изведба на прва фаза за „Бас рапид транзит“, истакна градоначалникот на Град Скопје, Петре Шилегов во одговор на новинарско прашање. Тој посочи дека се работи за комплексен проект што не трпи импровизација. Градоначалникот очекува до 15 септември да може да се распише јавен повик за првата фаза, односно квалификациска фаза. - Многу е важно и тоа што на самата траса најкритичната точка е мостот за „Обединети Нации“. Нашата одлука и мојата одлука како градоначалник на овој град е да извршиме замена на мостот „Обединети нации“ што значи ќе треба тој мост фаза по фаза да се отстрани и да се изгради нов со три ленти како би можело коридорот на „Бас рапид транзит“ да влезе во полн капацитет до Ѓорче Петров, додава тој. При изградба на нов мост, Шилегов истакна дека мора да се земе предвид дека под тој мост проаѓа цевка за водоснабдување на Скопје, како и многу водови од топлификација. Тој очекува до крајот на 2024 година мостот целосно да биде ставен во функција мостот на „Обединети Нации“.  ки/мд/

Остани поврзан