• вторник, 24 декември 2024

Шилегов: Градот нема градежна инспекција ниту ингеренции за уривање на дивоградбата кај Мавровка

Шилегов: Градот нема градежна инспекција ниту ингеренции за уривање на дивоградбата кај Мавровка
Скопје, 2 септември 2020 (МИА) - Градоначалникот на Град Скопје, Петре Шилегов денеска истакна дека Градот нема ниту градежна инспекција ниту пак ингеренции за да интервинира во врска со дивоградбата кај ТЦ Мавровка. Законската основа, како што рече, ја има државниот инспекторат и токму тој ги презема ингеренциите. -Јас кажав во неклку наврати дека за жал согласно ингеренциите Градот нема градежна инспекција ниту пак ингеренции да интервенира. Ова е нешто за што разговараме и со градоначалниците и со Владата да се префрли како ингеренција на Градот, така што да можевме до сега како Град Скопје, да имавме законска основа, до сега ќе имавме интервенирано. Дуализмот значи дека државата, државниот инспекторат ги презема ингеренциите и токму тоа се случува, рече Шилегов на прес-конференција во одговор на прашање. Градоначалникот појасни дека ова треба да биде конкретен пример за сите оние кои сметаат дека со беззаконие можат да направат бенефит, но е и пример дека владее правна држава. -Мене ми е жал што воопшто дојде до изградба на ваков објект, меѓутоа ете нека биде и пример за сите потенцијални луѓе кои мислат дека во беззаконие можат да направат некаков бенефит, дека различноста треба да ја покажеме токму на вакви ситни примери и мислам дека граѓаните најдобро можат да се уверат во решеноста и на Социјалдемократскиот сојуз и на Демократската унија за интеграција да конечно почне да владее правната држава, рече тој. Шилегов денеска ги охрабри општинските власти да влезат во една неприкоснована борба со дивоградбите, затоа што, како што рече, треба да се остане коректен со совесните инвеститори кои плаќаат сметки и даноци на државата. -Ги охрабрувам ошштинските власти на сите општини во Градот не само во Чаир да влеземе во една неприкоснована борба со дивоградба затоа што не сме коректни кон совесните инвеститори. Совесните инвеститори, луѓе кои ги плаќаат сметките, даноците, комуниалиите кон државата ги ставаме во една нермноправна положба а ние тоа како власт не смееме да го дозволиме, рече градоначалникот.бт/ац/

Остани поврзан