• петок, 22 ноември 2024

Шефот на МОК: Не е разгледувано откажување или одложување на Токио 2020

Шефот на МОК: Не е разгледувано откажување или одложување на Токио 2020
Токио, 5 март 2020 (МИА) - Евентуалното откажување или одложување на Олимписките игри во Токио 2020 година поради коронавирусот не беше разговарано за време на дводневниот состанок на Меѓународниот олимписки комитет (МОК) што заврши во Лозана. Тоа го изјави претседателот на централата, Томас Бах на прес-конференција. - Можам да ви кажам дека за време на состанокот на Извршниот одбор на МОК зборовите „откажување“ и „одложување“ не беа споменати“, рече Бах. На состанокот беше презентран и извештај од организаторите на Игрите во Токио, кој доби пофалби од Бах. На прашањето што го прави толку уверен дека Игрите ќе се одржат според програмата, Бах рече дека МОК и организаторите добиваат информации од експерти, вклучително и од Светската здравствена организација. Епидемијата на коронавирус досега зарази десетици илјади луѓе ширум светот и уби повеќе од 3.000. Томас Бах повика да не се „шпекулира за идните случувања“ и додаде дека МОК ќе ги следи советите на Светската здравствена организација. Во меѓувреме, стана јасно дека седницата на МОК во 2023 година најверојатно ќе се одржи во Мумбаи (Индија). Одлуката треба да биде одобрена на јулискиот состанок во Токио. - Зошто беше предложена Индија? Таа е втора најнаселена земја во светот. Многу млади живеат таму, со огромен потенцијал за развој на олимписките спортови, коментира Бах.

Остани поврзан