• недела, 22 декември 2024

Шести викенд по ред Французите протестираат против ковид сертификатите

Шести викенд по ред Французите протестираат против ковид сертификатите
Париз, 21 август 2021 (МИА) -  Илјадници лица и денеска протестираа во неколку француски градови поради здравствените пропусници за Ковид -19, што сега се задолжителни за пристап до рестораните и кафулињата, културните и спортски настани и патувања. Шести викенд по ред илјадници француски демонстранти излегоа на улиците во знак на протест против здравствените пропусници воведени од владата, за кои тие велат дека се закана за нивните слободи. Во Париз, четири групи организираа четири различни протести, а над 200 митинзи се одржаа во другите француски градови, додека минатата недела на улиците излегоа повеќе од 200.000 лица, пренесуваат американските медиуми. Пропусницата, која е проширена верзија на патоказот на Европската унија за Ковид-19, стапи во сила во понеделникот,на 9 август, и е задолжителна за пристап до јавни простори.Оваа здравствена пропусница овозможува пристап до меѓуградските возови и авиони само за вакцинираните лица и луѓето кои можат да докажат дека имаат негативен тест на коронавирусот. Со неа се потврдува дека луѓето се целосно вакцинирани, дека имаат негативен тест за Ковид -19 или дека неодамна ја прележале болеста, и според законот со кој се воведени, за здравствените работници креајниот рок да се вакцинираат е 15 септември или тие ќе биде суспендирани. И покрај протестите, анкетите покажуваат дека повеќето Французи ги поддржуваат здравствените пропусници, а милиони граѓани ја примиле првата вакцина откако францускиот претседател Емануел Макрон ја објави мерката на 12 јули. сд/

Остани поврзан