• понеделник, 23 декември 2024

Шекеринска: Градежните активности на Криволак ќе биде завршена до средината на мај и вежбата Одлучен удар 21

Шекеринска: Градежните активности на Криволак ќе биде завршена до средината на мај и вежбата Одлучен удар 21
Скопје, 7 април 2021 (МИА) - Припадниците на Армијата на САД со 200 инжинериски машини следните денови на Криволак ќе работат на изградба на магацини за складирање на мети, полигон со подвижни цели за оклопни возила, полетно слетна патека за беспилотни летала и на уредување на просторот, наведе денеска на нејзиниот фејсбук-профил министерката за одбрана Радмила Шекеринска. Таа додаде дека инженерците од Армијата на Република Северна Македонија веќе пробиле 33 километри нови патишта на Криволак, а заедно со американските колеги ќе работат на патна инфраструктура за подобро поврзување на определени точки од полигонот. - Работата е во полн ек, се ќе биде завршено до средината на мај и почетокот на вежбата Одлучен удар 21, истакна Шекеринска. см/сп/

Остани поврзан