• петок, 22 ноември 2024

Шеесетгодишнина од скопскиот земјотрес во 1963 година: Дигитализираната изложба „Подемот и падот на Скопје“ се емитува вечер во Кинотека

Шеесетгодишнина од скопскиот земјотрес во 1963 година: Дигитализираната изложба „Подемот и падот на Скопје“ се емитува вечер во Кинотека

Скопје, 27 јули 2023 ( МИА) -  Во Кинотеката на Република Северна Македонија се одржува дигитализираната изложба на Државниот архив со наслов „Подемот и падот на Скопје“ по повод 60-годишнината од трагичниот земјотрес во 1963 година. Изложбата ќе трае три дена, почнувајќи од денеска, во 20:00 часот. Влезот е бесплатен.

-Државниот архив на Република Северна Македонија, од своето основање во 1951 година, е посветен на зачувување на нашата историја, култура и радиција. Преку оваа мисија, Архивот успешно одбележа значајни државни јубилеи и историски настани, информира Министерството за култура.

Како што е посочуваат, меѓу безбројните архивски материјали поврзани со скопскиот земјотрес впечатлива е фотодокументацијата на Киро Георгиевски, официјален фотограф на Собранието на Град Скопје во средината на 20 век. Неговата обемна колекција фотографии нуди длабински поглед на настанот и на неговите последици, од првичното уништување до колективните напори за обнова поттикнати од меѓународната солидарност.

-Оваа дигитализирана изложба содржи над 300 фотографии и документи, нагласувајќи го значењето на зачуваните архивски материјали во реконструкцијата на историјата. Посетителите ќе бидат сведоци на непосредните последици од земјотресот, на последователниот процес на закрепнување и на реконструкцијата на градот под раководство на градоначалникот Методија Антов. Придружете ни се во сеќавањето на трансформациските настани што го обликуваа Скопје во градот што го гледаме денес, се вели во соопштението.. љм/ац/

Фото: Министерство за култура

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан