• петок, 28 јуни 2024

Шевченко и Гега победници на „Скопскиот маратон“

Шевченко и Гега победници на „Скопскиот маратон“
Скопје, 4 октомври 2020 (МИА) - Украинецот Серхиј Шевченко во машка конкуренција и албанската атлетичарка Луиза Гега кај женска се победници на овогодинешниот „Скопски маратон“. Шевченко постави време од 2;22:49 часа, додека Гега ја помина трасата за 2:35:34 часа. Кај мажите втор заврши македонскиот атлетичар, Дарио Ивановски со време 2:31:16 часа, додека третото место му припадна на српскиот маратонец, Кристијан Тошиќ, кој патеката ја мина за 2:39:37 часа. Во полумаратонската трка во женска конкуренција победи нашата Миљана Ристиќ со време 1:26:31 часа, а кај мажите на оваа дистанца најдобар беше македонскиот атлетичар Атанас Анчевски, со време од 1.14.09 часа.

Тагови

Остани поврзан