• петок, 05 декември 2025

Швјонтек на убедлив начин до финалето во Вимблдон

Швјонтек на убедлив начин до финалето во Вимблдон

Лондон, 10.јули 2025 (МИА) - Полската тенисерка Ига Швјонтек со само два загубени гема во полуфиналето успеа да ја совлада Белинда Бенчиќ од Швајцарија со 2:0 во сетови (6:2 и 6:0). Таа доминираше во текот на целиот меч и едноставно на ривалката не и дозволи ниту најмала шанса за да се надева на пласман во финалето.

За Швјонтек ова е прво финале на Вимблдон, а таа има и пет Грен слем титули. Притоа во сите пет Грен слем финални мечеви има постигнато победи.

Нејзина ривалка во саботното финале ќе и биде Американката Аманда Анисимова, која со 2:1 во сетови ја совлада Арина Сабаленка.   мн/

Фото: ЕПА 

Остани поврзан