• вторник, 24 декември 2024

Швајцарски работодавачи ќе им платат на вработените дел од киријата за работа од дома

Швајцарски работодавачи ќе им платат на вработените дел од киријата за работа од дома
Берн, 25 мај 2020 (МИА) – Швајцарски работодавачи се должни на своите вработени да им платат еден дел од киријата за работењето од дома, заклучи суд во Цирих. Тужбата против компанијата ја поднесе еден вработен кој побарал отштета за работењето од дома. Компанијата укажала дека не постои соодветен договор за отштета и не е обврзана да плати дел од киријата. Меѓутоа судијата донел заклучоци кои се поинакви од аргументите на компанијата, наведувајќи дека тоа што вработените немале дополнителни трошоци, како што е изнајмување дополнителни простории, не е причина да им се одбие барањето за отштета. Според пресудата, компанијата е должна да плати надомест, и тоа ретроактивно, 150 франци месечно. Експертите по трудово право укажуваат и дека работодавецот, кој има одговорност и за здравјето на вработените, има обврска во иднина да набави и соодветна столица за работа од дома. гт/

Остани поврзан