• недела, 22 декември 2024

Шаќири - Неделков: Со поддршка од СОНК, МОН ќе продолжи да го модернизира образовниот систем

Шаќири - Неделков: Со поддршка од СОНК, МОН ќе продолжи да го модернизира образовниот систем
Скопје, 14 октомври 2022 (МИА) - Промените во образованието треба да продолжат, а СОНК ќе даде активен придонес во креирањето и имплементацијата на политиките со кои МОН и другите надлежни институции ќе го унапредуваат квалитетот на воспитно – образовниот процес во државата. Ова е заклучокот од денешната средба на министерот за образование и наука Јетон Шаќири и претседателот на Самостојниот синдикат за образование, наука и култура, Јаким Неделков, на која се разговараше за актуелните состојби и идни планови во образованието. Како што информираат од МОН, Шаќири потенцирал дека е особено задоволен од соработката со СОНК во изминатите месеци во кои тој раководи со Министерството и очекува таа да се интензивира во интерес на градењето подобар образовен систем, затоа што, како што рекол, ќе се интензивираат и сите останати процеси кои треба да ја доближат државата до зачленување во европското семејство со кое преговорите се веќе отпочнати. Министерот за образование истакнал дека наставниците се најважната алка во воспитно – образовниот процес и без нивна мотивираност, и оти не може да има ниту квалитетна настава, ниту пак промените би биле ефективни и затоа, МОН исто како и СОНК се заложува за унапредување на нивните права и услови за работа. Потсетил дека покачувањето на платите на вработените во основните и средните училишта за 15 отсто од минатиот месец е токму резултат на успешната соработка и договор помеѓу социјалните партнери. И претседателот на СОНК, Неделков рекол дека е задоволен од отвореноста на Министерството за соработка и заедничко имплементирање на иницијативи кои се од интерес на учениците, наставниците и воопшто од интерес за поквалитетно образование. Тој очекува, како што истакнал, во иднина институциите на системот да обезбедат механизам за континуиран раст на личните примања на просветните работници. На средбата се дискутирало и за процесот на изработка и достава на нови учебници и наставни материјали, особено во основното образование, како актуелна тема во изминатите денови. Соговорниците се согласиле дека тоа е комплексен процес, но неопходно е да се спроведе, како и во иднина да се работи на измена на законската регулатива со цел поедноставување на постапките и навремено заокружување на активностите пред секоја нова учебна година. сст/нд/

Остани поврзан