• петок, 22 ноември 2024

Шаќири: Ако има законски можности, ДЛС „Св. Кирил и Методиј“ – Битола ќе продолжи да се финансира од МОН

Шаќири: Ако има законски можности, ДЛС „Св. Кирил и Методиј“ – Битола ќе продолжи да се финансира од МОН
Скопје, 31 август 2022 (МИА) - МОН се уште го нема прекинато финансирањето на Детското ликовно студио „Св. Кирил и Методиј“ – Битола, јас сум во директна комуникација со претставникот од институцијата, се разгледуваат сите можности тоа да продолжи, изјави денска министерот за образование и наука Јетон Шаќири. - Знаете дека таа институција е формирана пред неколку години, кога имало неколку други законски решенија, сега знаеме како се финансираат невладините организации, има неколку законски измени. Се разгледуваат сите можности до донесување на одлука и ако таа одлука биде да се прекине, ќе се разгледаат сите можности како да продолжи тоа друштво. Ако има законски можности во МОН, ќе се продолжи во МОН, рече Шаќири, на денешната прес-конференција како одговор на прашањето поврзано со прекинот на финансирањето на ДЛС „Св. Кирил и Методиј“ од Битола. сх/са/

Остани поврзан