• вторник, 19 ноември 2024

Шахпаска: Сите треба да сме еднакви пред законите, а тоа го гарантира новиот закон за Јавно обвинителство 

Шахпаска: Сите треба да сме еднакви пред законите, а тоа го гарантира новиот закон за Јавно обвинителство 
Скопје, 1 јули 2020 (МИА) - Носителката на кандидатската листа од СДСМ и колаицијата во Третата изборна едница Јагода Шахпаска рече дека новиот Закон за Јавно обвинителство, кој од вчера е во сила значи избор на судии според МЕРИТ-системот, според квалификации и немање никакво влијание во назначувањето судии.
-Тоа се работи во кои законодавната со извршната власт не смее да се меша.
Правда мора да биде испорачана. Во оваа држава конечно сите треба да сме еднакви пред законите, а тоа новиот закон го гарантира, рече Шахпаска во гостувањето во  емисијата Парламентарни избори 2020 на националниот телевизиски сервис.
Таа посочи дека предметите од СЈО нема да згаснат, тие мора да имаат судска завршница, нагласувајќи дека нивна заложба е дека правдата мора да биде испорачана и дека е уверена во тоа.
- Во новата програма на СДСМ за следните четири години стои дека на секој судија ќе му биде проверена имотната состојба, ревизија на донесените пресуди по случаен избор,нема да има диригиран судски систем за прераспределба на предмети, тоа ќе биде на начин како што е предвидено во законот. А во случај кога имаме висока корупција, имаме можност од барање на меѓународна поддршка, во смисла на арбитер и следење на процесите, истакна Шахпаска. хс/скс/

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан