• сабота, 23 ноември 2024

Шанса за Центар: Средба за усогласување на програмски приоритети во Општина Центар

Шанса за Центар: Средба за усогласување на програмски приоритети во Општина Центар
Скопје, 28 октомври 2021  Граѓанската иницијатива Шанса за Центар ги повика на јавна дебата сите политичките партии кои освоија места во Советот на општината за да се постигнале консензус околу приоритетите и развојните цели за Општина Центар. Шанса за Центар смета дека програмските цели може да се усогласат, во интерес на граѓаните и на идниот развој на општината. Жалиме што на организираната средба ВМРО-ДПМНЕ и Левица не се појавија, но прашањата од дебатата се споделени и со нив, ако се спремни барем на писмен одговор. Важно е да изградиме заеднички пристап за најважнити теми од работата на општината, а за кои, сите во изборните програми имаме слични ставови. Со претставниците на СДСМ се согласивме дека е потребно и остварливо следново: 1. Стручните комисии во општината да бидат составени исклучиво од стручни и непартиски кадри; 2. Сите податоци општината да ги објавува во отворен формат и на начин разбирлив за граѓаните; 3. Да се објавуваат јавно и да се прикажуваат на интерактивна мапа податоците за: одобренијата за градби (во одлучување и издадени); легализација на бесправно изградени објекти (во одлучување и издадени); отуѓување на државно земјиште; 4. Сите предмети во администрацијата да можат да бидат следени од граѓаните во која фаза од постапката се; 5. Буџетот да се изработува во соработка со граѓаните, односно во три фази со можност за амандмански граѓански предлози и буџетски форум; 6. Систематизацијата за работните места со сите позиции и контакти од вработените да бидат објавени на интернет страницата на општината; 7. Да се изработи функционална анализа за капацитетот на општината за аплицирање и работа со фондови и грантови од ЕУ и други донатори; 8. Да се воведе онлајн емитување на седниците на Советот во живо на интернет; 9. Да се организираат отворени денови за комуникација со граѓани во живо, но и систем за електронски пријави од граѓаните на кој навремено ќе се одговара; 10. Да се обезбеди поголема активност на одделот за локален економски развој за следење и олеснување на состојбата на малите претпријатија и мерки за користење на празните простори во државна и општинска сопственост за поттикнување на деловна активност или јавни потреби од образовен, културен или социјален карактер. Наша цел е креирање политики кои овозможуваат достоинствено живеење и одржлив развој. Затоа Шанса за Центар ќе продолжи да се обидува да гради мостови и соработка со сите политички субјекти застапени во Советот на Општина Центар. Граѓанска иницијатива Шанса за Центар ————————————————————————————————————————— МИА овие текстови ги објавува во интегрална и оригинална форма и не е одговорна за нивната содржина, ниту за евентуалните правописни недоследности или печатни грешки.  

Остани поврзан