• петок, 05 декември 2025

Шампионот на Премиер лигата потроши 300 милиони евра, а ќе купува уште играчи

Шампионот на Премиер лигата потроши 300 милиони евра, а ќе купува уште играчи

Ливерпул, 13.август 2025 (МИА) - Актуелниот шампион на Англија Ливерпул овој преоден рок донесе неколку квалитетни засилувања, а управата на клубот е подготвена уште да купува. „Црвените“ од Енфилд ги донесоа: Флоријан Вирц и Џереми Фримпонг од Баер Леверкузен, Уго Екитике од Ајнтрахт Франкфурт, Милош Керкез од Бормут, како и младиот голман Армин Печи од Пушкаш (Унгарија). За овие играчи Ливерпул потроши околу 300 милиони евра. 

Ливерпул е во преговори и со уште двајца играчи од одбраната, англискиот репрезентативец Марк Геи (Кристал Палас) и Џовани Леони (Парма), како и со напаѓачот на Њукасл Александар Исак, кој сака трансфер и не тренира со својот клуб.

Од друга страна од „Енфилд“ си заминаа седум играчи за приближно 200 милиони евра, а пред се беа трансферите на Луис Диаз во Баерн и на Дарвин Нуњез во Ал Хилал.  

Ливерпул ќе ја отвори новата сезона во Премиер лигата со домашниот натпревар со Бормут на 15.август (петок).   мн/

Фото: ЕПА

Остани поврзан