• понеделник, 18 ноември 2024

„Шампионка со скршено срце“, краток документарен филм за дискриминација на жените во спортот

„Шампионка со скршено срце“, краток документарен филм за дискриминација на жените во спортот
Скопје, 5 јули 2021 - Наместо целосно да ужива во успесите и победите коишто ги нижи на домашните и на меѓународните натпреварувања во борење, младата шампионка Бојана Лазаревска, научи што е претставка до Комисијата за спречување и заштита од дискриминација, што значи општа препорака на Комисијата, но и што е тоа судска тужба за дискриминација. Токму овие проблеми со кои се соочуваат жените во спортот се главна тема во краткиот филм „Шампионка со скршено срце“, во продукција на„ Види Вака“. Како што се наведува во соопштението од тимот на „Види Вака“, филмот е дел од серијалот стории посветени на правосудството и остварувањето на правдата во земјава. Бојана Лазаревска, седумнаесетгодишна борачка, се соочила со дискриминација по основа на пол и род уште во нејзините средношколски години. -Ние кога одиме на првенствата што ги организира Федерацијата, државните првенства, изборните првенства, на машките им се доделуваат пехари и медали, ги рангираат, а напротив за нас нема ниту пехари ниту медали, туку ни дават само по една диплома и ние си одиме дома разочарани и со скршени срца, раскажува Лазаревска. Комисијата за спречување и заштита од дискриминација утврдила дискриминација и донела општа препорака во која се наведува дека Боречката федерација на Република Северна Македонија треба да ги усогласи внатрешните акти со Законот за спречување и заштита од дискриминација на начин на кој нема да прави разлика помеѓу мажите и жените во организирање натпревари во целост. Покрај претставката, пред Основниот граѓански суд во Скопје се водат и два судски спора за дискриминација на женските борачки во однос на машките. -Сметаме дека во двете постапки имаме дадено доволен број на докази коишто би требало да резултираат со позитивна пресуда во којашто ќе се утврди дискриминацијата и ќе се задолжи Боречката федерација да ги отстрани оние дискриминаторски пракси кои дотогаш ги има спроведувано, вели Благоја Пандовски, адвокат. Бојан Трпевски кој што е правник во Македонското здружение на млади правници смета дека дискриминацијата може да предизвика сериозни ефекти како по емоционалната состојба и здравје на луѓето Од друга страна пак, боречката федерација, ги негира ваквите тврдења. Автор на видеото „Шампионка со скршено срце“ е новинарката Марија Севриева, а директор на фотографија е Крсте Шупев. Продуценти на серијалот „Правосудство објаснето“ се Мите Кузевски и Горан Иги.свс/са/

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан