• среда, 27 ноември 2024

Шаленберг: Имам чувство дека го губиме Балканот

Шаленберг: Имам чувство дека го губиме Балканот
Берлин, 20 јуни 2022 (МИА) - Министерот за надворешни работи на Австрија, Александер Шаленберг, се надева дека на самитот на Европската Унија ќе има јасно упатен сигнал не само во правец кон истокот, туку и кон југоистокот на Европа. Според Шаленберг, Украина не е во конкуренција со државите од Западен Балкан. Се работи за веродостојноста на ЕУ, смета Шаленберг, во постигнувањето напредок и за државите од Југоисточна Европа, што добија ветување од Унијата во Солун, пред 19 години. Тој зборуваше и за давањето статус на кандидат на Босна и Херцеговина и на Косово. - Имам чувство дека го губиме Балканот, појасни министерот. Шаленберг истакна дека во Србија расположението кон ЕУ е понегативно од претходно. - Тоа не е дворот во задниот дел на Европа, туку во центарот. Затоа мора да дејствуваме. Тоа е нашата најважна стратегиска задача што е пред нас, предупреди министерот. Со учество на земјите од Балканот на советите на ЕУ и во фондовите, тој смета оти може јасно да се покаже дека тие се пред влез во Унијата. - Не разбирам зошто Кина купува автопати во регионот, а ние тоа го набљудуваме. Понекогаш не ја разбирам нашата логика, подвлече Шаленберг. Тој додаде дека „ако делуваме силно во Украина и Молдавија, тогаш тоа мораме да го направиме и на Западен Балкан“. бд/сд/

Остани поврзан